НЛБ Тутунска банка во соработка со "Адора инженеринг" воведе нов станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од само 2,5% фиксна за првите три години од отплатата на кредитот и 5,5% за наредните две години. Во процесот на реализација на оваа понуда за единствен станбен кредит подеднакво учествуваат и двете компании: НЛБ Тутунска банка со намалување на каматната стапка на станбениот кредит, а "Адора инженеринг" со субвенционирање на дел од каматата во периодот од првите три години од отплата на кредитот. Како резултат на долгогодишната соработка со "Адора инженеринг", воведовме нов продукт единствен од својот вид на пазарот - станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од 2,5% фиксна за првите три години од отплата на кредитот и без трошоци за одобрување за примени апликации за кредит до 31 јули 2013 година, притоа каматната стапка за следните две години ќе биде 5,5% (фиксна каматна стапка) и 6,9% (променлива каматна стапка) за остатокот од периодот. Учеството се движи од 25% до 30%.
НЛБ Тутунска банка во соработка со "Адора инженеринг" воведе нов станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од само 2,5% фиксна за првите три години од отплатата на кредитот и 5,5% за наредните две години.
Во процесот на реализација на оваа понуда за единствен станбен кредит подеднакво учествуваат и двете компании: НЛБ Тутунска банка со намалување на каматната стапка на станбениот кредит, а "Адора инженеринг" со субвенционирање на дел од каматата во периодот од првите три години од отплата на кредитот.
- Како резултат на долгогодишната соработка со "Адора инженеринг", воведовме нов продукт единствен од својот вид на пазарот - станбен кредит со досега историски најниска, единствена каматна стапка од 2,5% фиксна за првите три години од отплата на кредитот и без трошоци за одобрување за примени апликации за кредит до 31 јули 2013 година, притоа каматната стапка за следните две години ќе биде 5,5% (фиксна каматна стапка) и 6,9% (променлива каматна стапка) за остатокот од периодот. Учеството се движи од 25% до 30% - вели Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка.
Заедничкиот проект помеѓу НЛБ Тутунска банка и "Адора инженеринг" ќе трае 6 месеци.
- Преку реализирањето на овој заеднички проект со "Адора инженеринг", НЛБ Тутунска банка уште еднаш докажува дека е банка од доверба, банка која знае да слуша, разбира и советува и да се грижи во целост за своите клиенти - изјави Јанчевски.
Становите, како што информира проф. д-р Ванчо Чифлиганец, генерален директор на "Адора инженеринг" се во Скопје и Охрид, а цената за станбениот квадрат се движи од 930 до 1.370 евра.